Работнички го возврати ударот, израмни во полуфиналето со Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

188

Кошаркарите на Работнички ја остварија првата победа во плеј-оф полуфиналето во домашниот шампионат, откако денеска во вториот полуфинален меч со Пелистер славеа со 75:69.

За разлика од првиот меч во кој битолчани доминираа, вечерва Работнички во „Кале“ покажа дека научил од грешките на првиот меч и успеа со една константна игра во сите 40 минути да слави и да ја продолжи неизвесноста на патот до финалето. Избраниците на Самарџиев одлично отворија со предност од 27:18 по првите 10 минути, а на полувреме заминаа со осум поени предност, кои можеби беа и клучни за победата.

Пелистер во третиот период успеа да се приближи на мимус четири, но во решавачките 10 минути двата тима практично играа во егал, а на крајот победата остана за домашните.

Рикиќ со 22 поени го предводеше тимот од „Градски Парк“ до победа. Одлично издание имаа и Стајиќ со 15, Трис со 10 и Декози кој исто така постигна 10 поени. Кај Пелистер најефикасен беше Планиниќ со 23 поени.

Следниот меч од серијата се игра на 11 мај во Битола.

ПретходноУ17: Младите на патот до ЕП преку Шпанија, Исланд и Естонија
СледноДе Зерби сака во Милан, но „росонерите“ не сакаат да платат 15 милиони за него