Повеќекратната шампионска на светот и олимписка победничка Маљинда Келменди од Косово, се одличи да се откаже од џудото.
Таа за телевизијата КТВ кажа дека ќе се посвети на тренерската работа, и ќе помага да се создадат идни шампиони.
„Можеби оваа година бев во недоумица дали да одам или не поради повредите. Но во последен момент одлучив да се натпреварувам на Олимписк игри. За жал не поминав добро, не беше мој ден“, рече Келменди.
Кажа дека ОИ во Токио се нејзино последно натпреварување.
Инаку натпреварувачките во Џудо Нора Дјакова и Дистрија Красниќи му донесоа на Косово два златни медали.
Келменди има 30 години, и го освои првиот медал за Косово на ОИ. Тоа се случи на ОИ во 2016 година во Рио де Жанеиро.