Дориев со евро-гол го реши големото дерби во Узбекистан (ВИДЕО)

1900

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев со својот втор сезонски гол и донесе победа на екипата на Согдиана во дербито на 6. коло од шампионатот на Узбекистан.

Согдиана славеше со 1:0 на гостувањето кај Андијан, кој до ова коло беше лидер на табелата, а Дориеав го постигна голот за победа во 64. минута.

Ова беше трета сезонска победа за тимот на нашиот голгетер, кој останува на делба на првото место токму со тимот против кој славеше денеска.

 

ПретходноГН на Мајами: Верстапен победи и на вториот спринт сезонава
СледноЧаир “гореше“ ама Шкендија го изгасна, еуфорија во Тетово каде се гледаше на видеобим, еве како изгледа табелата! (ФОТО+ВИДЕО)