Томас Тухел се договори со Баерн Минхен да се разделат на крајот од сезоната во која Баварците можат само да ја освојат Лигата на шампионите, но прво треба да го исфрлат Реал Мадрид. Во среда го играат реваншот на Сантијаго Бернабеу откако првиот меч заврши 2:2.
Баварците и да го освојат најпрестижното клупско натпреварување, Тухел си заминува, но кој ќе го замени? Нагелсман беше „многу близок“, па реши да остане на клупата на Германија и по ЕП, Чаби Алонсо изјави дека ќе биде во Леверкузен, „не“ рече и Ралф Рангник поради обврските со Австрија, а сега клубот го одби и тренерот на Бенфика Роџер Шмит.
„Не сум на пазарот. Имам работа во Бенфика“, изјави тренерот на лисабонската екипа и со тоа му ја затвори вратата на Баерн.
И ако Тухел изгледаше подготвен да ја продолжи својата работа во Баварија („Ништо не е невозможно“), клубот нема такви планови. „Нема можност“, рече спортскиот директор Фројнд на прашањето дали постои можност Тухел да остане.
Во редот на тренери кои немаа намера да седнат на клупата на Баварскиот гигант е Зинедин Зидан кој за време на трката во Формула 1 во Мајами на новинарите им даде до знаење дека неговите планови не се поврзани со овој клуб.
Па Баерн Минхен продолжува со својата мисија да ја најде замената за Тухел, се чини дека доправа ќе стане интересно.