Мега – спектакл во најава: Мбапе го прифати предизвикот, ќе има трка на 100 метри против Болт! (ФОТО)

391

Како што известуваа светските медиуми, Килијан Мбапе го прифатил предизвикот од Јусеин Болт и ќе има трка на 100 метри меѓу нив двајца. Секако дека ова ќе биде мега – спектакл. Мбапе против светскиот рекордер на “стотка“.

Се разбира дека оваа манифестација која допрва треба да се закаже кога и каде би се одржала, ќе предизвика големо внимание.

Можеби во мала предност е Килијан зошто Јусеин одамна не е во тренажен процес, но легендарниот атлетичар од Јамајка си има свои адути.

Image

ПретходноВознемирувачко видео: Ја славеше титулата на ПСВ со бакља во рацете, па остана без прсти! (ВИДЕО)
СледноЛопетеги се договори со Вест Хем! Баерн преговара со Тен Хаг?!