Во Битола ќе може да се игра фудбал во вечерните часови. Синоќа светна стадионот „Петар Милошевски“ и доби нова вредност што пак е од големо значење за овој фудбалски град.
Битолчани се надеваат дека во иднина ќе биде реконстуирана и старата трибина, а ќе добијат и помошни игралишта, што ќе придонесе за уште подобри фудбалски денови во овој град.