Навивачите на Манчестер Сити беа непријатно изненадени од потенцијалниот гостински дрес за новата сезона. Тој дрес е во нетипични бои за Сити, а многу навивачи сметаат дека е премногу сличен на оној на турскиот Фенербахче. Пума создаде дрес со пруги кои се протегаат по неа, а доминираат темно сините и жолтите бои.
Сити со Пума соработува од 2019 година, а Германците на Англичаните им платија 80 милиони евра. Сити моментално се бори за освојување на Премиер лигата, а во ФА Купот ќе игра во финалето против Јунајтед. Во Лигата на шампионите, тимот на Пеп Гвардиола беше елиминиран во четвртфиналето од Реал Мадрид на пенали.
🚨🚨| LEAKED: Manchester City’s away kit for 2024-25 season.
[@esvaphane] pic.twitter.com/2yk3agqxwb
— CentreGoals. (@centregoals) May 7, 2024