Денеска ЕЛ ГРАНДЕ, нашата фудбала икона, нашиот најдобар фудбалер во историјата, Горан Пандев полни 38 години.
Велат нема ништо случајно. Па затоа и денешниот ден, роденденот на Пандев ќе го паметеме за навек, и тоа поради олимпискиот медал на Дејан Георгиевски во Токио. Денеска спортска Македонија го прославува веројатно најголемиот спортски успех во својата самостојност и тоа на роденденот на НАЈГОЛЕМИОТ, на Горан Пандев.
Се разбира дека на Пандев редакцијата на Спортмедиа му посакува СРЕЌЕН РОДЕНДЕН, да одигра уште една фантастична сезона во Џенова и со своите совети, ако веќе нема да биде во репрезентацијата, да им помага на некогаш своите репрезентативни другари.
Среќен роденден, ГОРАНЕ!