Херојот на Реал Мадрид порача: Тешко е да се опише ова чувство

450

Хоселу беше неочекуваниот херој на Реал Мадрид во победат над Баерн Минхен од 2-1, тој стрелаше во самиот финиш, со головите во 89. и во 91. минута го лансираше својот тим во финалето.

„Тешко е да се опише ова чувство. Многу работев во кариерата за да стигнам до овде, неверојатно е чувството само да го облечеш дресот на Реал, па уште кога ќе дадеш два така важни погодоци… бев преплавен со емоции по последниот судиски свиреж. Пресреќен сум што сум овде и што доживувам вакви фантастични моменти“, изјави Хоселу.

Тој своите голови ги посвети на својата сопруга, на децата….

„Овие голови се за мојата сопруга и за моите деца, најголемата поддршка што ја добивам низ кариерата. Сите патувања, отсуства од семејството, сопругата ми е најважна личност во животот, верувам дека сега ќе минам повеќе време со неа веднаш штом заврши сезонава“.

ПретходноВаква сезона Баерн нема доживеано од 2012 година
СледноЕмотивна објава на семејството Јокиќ: Погледнете ја пораката на неговата сопруга и ќерка (ВИДЕО)