Ветеранот на Реал Мадрид и хрватски репрезентативец, Лука Модриќ избра интересен начин да ја прослави победата од 2:1 над Баерн Минхен и пласманот на неговиот тим во финалето на Лигата на шампионите. Тоа го направи со смешна порака на социјалните мрежи.
„Мислам дека веќе некаде го гледав овој филм“, напиша Модриќ.
Esta película me suena.
— Luka Modrić (@lukamodric10) May 8, 2024
Реал Мадрид за пехарот во Лигата на шампиони ќе се бори против Борусија Дортмунд, до финалето стигна со магичен пресврт во самиот финиш.