Арсенал денеска објави едногодишно продолжување на договорот на Бразилецот Жоргињо. Артета лично посочи дека договорот е постигнат и Жоргињо ќе остане на „Емирати“ и следната сезона.
Откако пристигна во лондонскиот клуб во јануари 2023 година, на Жоргињо му требаше многу малку време за да стане стартер во составот на Артета.
Спортскиот директор на Арсенал, Еду по потпишувањето на договорот изјави: „Многу сме среќни што Жорги потпиша продолжување на договорот со нас. Тој го претставува она за што се залагаме овде во Арсенал со неговиот професионализам и успех“.