ПСВ купи фудбалер од Баерн

100

Новиот холандски шампион ПСВ Ајндховен го откупи договорот на 21-годишниот напаѓач Малик Тилман од редовите на Баерн. Тој настапуваше за холандскиот тим како позајмен, а договорот е откупен за 12 милиони евра. ПСВ и Тилман потпишаа соработка до јуни 2028 година.

Тилман му се приклучи на Баерн од Гројтер во 2015 година. Играше за младинскиот тим, па направи пробив до сениорскиот со седум настапи и еден гол. Потпиша договор до 2026 година, но силната конкуренција го принуди да развива во друга средина.
Офанзивниот играч за врска оваа сезона за ПСВ одигра вкупно 37 натпревари (26 во Ередивизијата) и постигна девет голови.

ПретходноЕкс-тренерот на Челзи одбил да го води Ајакс – чекал подобра понуда
СледноНено со 19 поени не успеа да спречи нов пораз на Уникс Казан