Сребро на градите, злато во срцето!

1117

Прв медал за Македонија на Олимписките игри во Токио. Дејан Георгиевски, сепак, дојде до сребрениот медал, откако во финалето загуби од Владислав Ларин. Но, и ова е голем успех за Георгиевски, најголем на Олимписките игри за нашата земја. Браво Дејан!

Првиот дел од борбата го доби Ларин со 2:0, а потоа Георгиевски на стартот израмни 2:2. За само две секунди успеа Ларин во вториот период да направи пет поени и да врати 7:2.  Меѓутоа Георгиевски со два удари дојде до 7:5, а потоа со уште еден удар и до 9:5. Меѓутоа Георгиевски го возврати ударот и дојде до 9:7.

Третиот период донесе казнен поен за Георгиевски за 10:7, а потоа 10:8. Ударот во главата на Ларин му донесе предност од 13:8. Потоа и казнен поен за Русинот за 13:9, а потоа уште еден удар за 15:9, и тука веќе се знаеше победникот.

ПретходноЕмотивно – Германка го посвети златниот медал на својот починат тренер: „И натаму ги слушам неговите совети“
СледноМомент за вечност – среброто на градите на Дејан Георгиевски!