Новак се јави по бизарната повреда: Добро сум, се гледаме во недела

110

Додека Новак делел автограми по мечот со Муте во Рим, на едно дете му испаднало шишето од ранецот и го погодило Србинот во главата. Чиста случајност и чиста несреќа. Инаку по целата оваа случка и тоа поради повредите на главата, Новак е пренесен во болница а прес конференцијата е откажана.
Првиот светски тенисер се огласи преку социјалните мрежи и порача дека се враќа на терените.
Ова беше незгода, но добро сум, одмарам во хотелот со ладна облога на главата. Се гледаме во недела“, пораќа Ѓоковиќ со што ги тргна сите дилеми околу тоа дали ќе биде спремен за мечот со Алехандро Табил во третото коло.

ПретходноКомо предводен од Фабрегас се врати во Серија А после 21 година!
СледноХамбургер испадна од трката по место во Бундес, шеста сезона по ред ќе игра во Цвајте