Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија, по вчерашната победа од 30-25 над Словенија, денеска одигра уште еден меч со Словенците, но овој пат загуби со 29-24 (13-13).
Словенците го добија мечот во второто полувреме, а селекторот на нашата репрезентација им даде шанса на најголемиот дел од повиканите ракометари.