Фудбалерите на Манчестер Сити на гости го совладаа Фулам со 4:0 во 37. коло од англиската Премиер лига. Избраниците на Пеп Гвардиола остварија уште една рутинска победа, откако поведоа уште од првата сериозна акција, која Јошко Гвардиол ја претвори во водство од 1:0 уште во 13. минута.
Одбраната на Фулам беше немоќна и во 59. Минута кога Силва се проби по десната страна, а Фил Фоден на одбиената топка погоди за 0:2.
Гвардиол со својот втор гол во 71. минута од натпреварот зголеми на 0:3, а конечните 0:4 ги постави Алварез од пенал во последната минута од продолжението.