МЗТ Скопје се пласираше во финалето на плеј-офот, откако на третиот меч славеше со против ТФТ со 58-72. Во битката за нов шампионски пехар, „сино-белите“ ќе се борат против подобриот од Пелистер и Работнички.
Овој натпревар беше посебен за Аеродромци, овој натпревар беше посветен за легендата на клубот, Мац, чиј живот прерано згасна. Кошаркарите и целиот стручен штаб носеа маички со ликот на Мац, додека „Фемили“ безпрестајно пееја за својот голем другар.
Натпреварот почна со минута молчење, а во текот на истиот можеа да се почувствуваат големи емоции, додека „Фемили“ пееја за својот голем другар беа присутни и солзите. Аеродром не може да се помири дека ги напушти најголемиот фан, икона на клубот.
Што се однесува до дуелот, МЗТ Скопје лесно го урна отпорот на противникот, името на победникот реши уште по првото полувреме по кое имаше предност од 32-44. По 7-16 во третата четвртина, кошаркарите на МЗТ Скопје се опуштија, а тоа го искористи ТФТ да го ублажи поразот и достојано да ја заврши сезоната.