Роберт Левандовски пристигна во Барселона во летото 2022 година од Баерн за 45 милиони евра, а минатата сезона беше убедливо најдобриот играч на овој тим и меѓу најзаслужните за освојувањето на шпанското првенство.
Оваа сезона Полјакот често е мета на критики бидејќи не игра во најдобра форма, а не е ефикасен како лани.
Тој има договор со Барселона до летото 2026 година, но како што стојат работите многу лесно би можел многу порано да го напушти овој клуб.
Наводно, Жоан Лапорта и Чави Хернандез мислат дека е идеален момент да го продадат Левандовски бидејќи чувствуваат дека не можат да добијат повеќе од него.
„Роберт Левандовски би можел да ја напушти Барселона ова лето. Чави и раководството на клубот веруваат дека тој нема да се врати на најдоброто ниво“, пренесуваат шпанските медиуми.
Барселона добро би заработила продавајќи го Левандовски, но и ослободила простор во буџетот за плати за нови засилувања, што е и една од целите на Лапорта и неговите соработници.
Во последно време се зборува за наводни преговори меѓу Барселона и Атлетико Мадрид околу трансферот на Левандовски во овој клуб, но се уште се чека некоја официјална потврда.
Јасно е дека на лето ќе има големи возбудувања кога е во прашање Барселона, бидејќи овој тим ќе мора да продаде една од своите големи ѕвезди за да донесе нови засилувања, а многумина се сигурни дека тоа ќе биде Левандовски.
Покрај тоа, во последно време многу се зборува за тоа дека Барселона сака да ги доведе Дарвин Нуњез и Чави Симонс.