Магична вечер во СЦ „Борис Трајковски“. Македонската ракометна репрезентација повторно е причината што срцата на многумина повторно се исполнети со уникатна доза на среќа. Нашите момци ја анулираа негативата од седум гола против Фарски Острови на првата средба, славеа со 34-26 и го чекираа своето место на ново Светско првенство.
Новата генерација покажа дека е подготвена да одговори на големи предизвици, а навивачите дека секогаш се тука за играчите.
Вечерва од главниот град на Македонија испративме силна порака, ние сме горда нација, не се предаваме, се бориме до крај…
Уживајте во фотографиите.