Струга вечерва “гори“, се прославува новата титула! (ВИДЕО)

4107

На најубав можен начин, најсладок, блескаво, убаво и квалитетно. Ете така денеска Струга ТЛ уште еднаш потврди дека никој ништо не и може во мак – фудбалот, уште еднаш потврди дека втора година во низа се нај, нај клуб во Македонија.

Ибраими, Радески и останатите предводени од тренерот Меритон Гега кој на чудесен начин ја дигна екипата, покажаа дека заслужено се шампиони по вторпат откако на фантастичен начин ја победија Шкендија попладнево во Тетово.

И кога ќе се освои титула на таков начин тогаш јасно е дека следува големо славје, а вечерва градот Струга “гори“ во чест на втората титула. Играчите и стручниот штаб некаде околу 22:30 часот пристигнаа во градот каде што беа пречекани од фановите кои направија супер атмосфера.

ПретходноОва е таа чудесна Македонија, зборот невозможно го нема во нашиот речник (ФОТО)
СледноФеноменалниот Јокиќ гo врати шампионот од бездната (ВИДЕО)