Првични детали пред ждрепката: Македонија е во третиот шешир!

2584

Македонската ракометна репрезентација ќе биде дел и од Светското првенство 2025 година кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. Нашите момци одиграа меч за историја, негативата од седум гола од првиот бараж меч против Фарски Острови ја анулираа и со вкупно 61-60 патуваат на Мундијалот.

Ждрепката за групната фаза е закажана за 29 мај во Загреб со почеток во 17:30 часот. Засега е познато дека Светското првенство ќе се игра во Осло, Хернинг, Загреб, Пореч и Вараждин од 14 до 2 февруари следната година. Пред извлекувањето на групите домаќините на овој шампионат треба да ги потврдат имињата на селекциите кои ќе бидат домаќини на групите, Македонија навива да игра во Хрватска.

Нашите ракометари противниците ќе ги чекаат од третиот шешир барем според првичните информации. Покрај Македонија тука се Катар, Бразил, Аргентина, Јапонија, Алжир, Куба и Полска.

ПретходноСерафимов: Лазаров веруваше во нас! Има благодарам на навивачите за прекрасната атмосфера!
СледноЛазаров: Го даваме срцето и душата за Македонија, па барам само малку почит – кога ќе згрешиме