Вчера под Шара спектакл, меч кој Струга ТЛ го доби и повторно стана шампион. Имаше доста публика, трите трибини беа речиси преполни, но пред мечот на загревање се случи инцидент. Имено некој од публиката фрли шише и погоди во глава домашниот голман Давор Талески. Токму затоа тој за време на мечот бранеше со фластер на главата.
Инаку неофицијално изгредникот кој го повреди Талески бил приведен од страна на МВР.
Навистина непотребно, со ова само и одмогнаа на Шкендија кој вчера испушти златна шанса да ја освои титулата, но сепак Струга ТЛ покажа дека во овој момент е подобар тим и заслужено победи и ја освои својата втора титула.