Екс-играч на Барса потпиша за Динамо, а место него игра брат му близнак

1227

Во зимскиот преоден рок Динамо Букурешт потпиша договор дефанзивецот од Гвинеја, Едгар Ије меѓутоа тие се незадоволни од неговите настапи и однесување до тој степен што дури се сомневаат дека токму Едгар е фудбалерот за кој се интересирале тие.
Поточно Динамо се сомневаат дека место Едгар во клубот дошол неговиот брат близнак Еделино.
Фудбалерот не ги покажува документите, ниту пак зборува англиски, како што претпоставуваше раководството. Фудбалерот комуницира исклучиво на португалски. Исто така, се забележува дека играчот се обратил до спонзорот на клубот за да добие автомобил од него.

Клубот веќе неколку недели неуспешно се обидува да го раскине договорот со Гвинеецот, добивајќи одбивања од играчот. Раководството на Динамо сака да направи ДНК тест за да го утврди идентитетот на фудбалерот.

30-годишниот дефанзивец од Гвинеја, Едгар Ије, има настапувано за Барселона Б, Лил, Нант, Трабзонспор, Феенорд и Истанбул Башакшехир. Неговиот брат близнак Еделино Ије најголемиот дел од кариерата го помина во пониските лиги на Португалија и Полска.

ПретходноСамо и одмогнаа на Шкендија: Талески бил удрен со шише на загревање!
СледноПретседателот на шампионот со емотивен пост на ФБ: Ви благодарам Струга!