Речиси 30 илјади навивачи на Атлетик Билбао овој понеделник беа присутни на стадионот „Сан Мамеш“ на емотивното збогување на Икер Муниаин, кој по 15 години заминува од баскискиот гигант.
На денот кога нема закажано официјален натпревар, навивачите купија билети за да ја му оддадат почит на 31-годишниот крилен напаѓач, кој го напушта баскискиот клуб „по своја одлука“ на крајот од сезоната, во која гоосвои Купот на Шпанија, пред нешто повеќе од еден месец.
Со трофеите изложени на теренот, Муниаин пристигна на стадионот придружуван од неговите две деца по што доби огромни овации од навивачите и многуте специјални гости, вклучително и поранешни менаџери, тренери и играчи, кои имаа можност да гледаат филмска ретроспектива на најдобрите моменти на Муниаин во дресот на клубот.
Муниаин, кој има два настапи и за шпанската репрезентација му се приклучи на тимот на Атлетик Билбао на само 12 години, а дебитираше за првиот тим на возраст од 16 години и заминуваод овој состав по 559 одиграни меча, станувајќи вториот играч со најмногу настапи за Атлетик Билбао, веднаш зад голманот Хозе Анхел Ирибар (614).
🥹 Entre lágrimas de un emocionado Iker Muniain concluye el acto de su despedida como jugador del Athletic
🔴 #Konekta pic.twitter.com/x3JvLxwX24
— Onda Vasca Deportes Bizkaia (@OndaVascaKirol) May 13, 2024
😍 Muniain se DESPIDE del Athletic Club ante más de 25.000 personas en San Mamés.
🏆 Al salir, besó los 3 títulos que ha conseguido con el club (2⃣ Supercopas y 1⃣ Copa del Rey). pic.twitter.com/WDtxKPOSOo
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) May 13, 2024