Баерн се распрашувал за Гласнер, Кристал Палас им побарал 100 милиони евра!

226

Во очај да најде нов тренер, Баерн (М) и натаму е растрчан по неколку имиња за кои очигледно нема „зелено светло“. Денеска се појави информацијата дека Баварците му се јавиле на тренерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, за да се обидат да преговараат со него за евентуално негово враќање во Германија и преземање на баварскиот гигант.

Гласнер наводно не ги одбил, но јасно им кажал дека Кристал Палас нема намера да го пушти да си замине и дека штом им кажал за интересот на Баерн, тие му рекле дека за негов прекин на договорот ќе бараат астрономски – 100 милиони евра!

Баерн Минхен ја заврши 2023/2024 година без трофеј, а ќе остане и без тренер по најавеното заминување на Томас Тухел.

ПретходноДвапати во три години: Манчестер Ј. поради лошата сезона ја откажа традиционалната вечера
СледноНа Бесарт Ибраими му истекува договорот со Струга ТЛ, не се знае дали ќе потпише нов!