Клоп: Не разбирам како Астон Вила израмни

790

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изрази жалење што пропуштил победа против Астон Вила. „црвените“ загубија предност од два гола и мечот на „Вила Парк“ заврши 3:3.

„Победата ни се лизна. Игравме многу добар фудбал. Одигравме навистина добро и направивме огромни проблеми на противникот. Направивме и многу додавања пред смените. После тоа Астон Вила почна поопасно да напаѓа и често влегуваше во нашиот шеснаесетник. Моравме да направиме корекции, но направивме грешки. Тоа беше само почеток. Противникот израмни и не ни разбрав како се случи. Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, момците покажаа исклучителен карактер. Сакавме да победиме. На 3:2 стана многу тешко. Тоа е се што можам да кажам“, изјави Клоп.

Ливерпул се наоѓа на третото место на табелата во Премиер-лигата со 79 бода зад Сити кој има 85 бода и меч помалку, и лидерот Арсенал со 86 бода.

ПретходноМбапе испрати порака до првиот човек на ПСЖ по жестоката расправија
Следно„Никогаш не сум видел играч да го направи она што го направи Кејн во 80. минута во Мадрид“