Серхио Рамос, ветеранот на Севиља и легенда на шпанската репрезентација и Реал Мадрид, на крајот на сезоната ќе го напушти клубот од Андалузија, но најверојатно и европскиот фудбал. Според информациите на американските медиуми, 38-годишниот стопер кариерата ќе ја продолжи во МЛС.
Понудата од САД не е единствената што ја има Рамос, туку му е поинтересна од опциите од Саудиска Арабија или остатокот од светот. Атлетик пишува дека доколку ја прифати понудата од ФК Сан Диего, Рамос ќе стане еден од најплатените играчи на клубот кој од следната година ќе биде дел од МЛС лигата.
Во својата камбек сезона во Севиља, клубот во кој ја започна својата кариера пред да стане легенда на Реал и играч на ПСЖ, Рамос одигра вкупно 34 натпревари. Тој постигна седум гола и и помогна на Севиља да го задржи прволигашкиот статус. Тој има договор до крајот на јуни.