После 19 години Американец е МВП на Евролигата

150

Најдобриот кошаркар на Монако, Мајк Џејмс е прогласен за најкорисен играч (МВП) во регуларниот дел од сезоната 2023/24 на Евролигата. За Американецот ова е прва МВП награда во елитното кошаркарко натпреварување, а најдобриот стрелец во историјата на Евролигата оваа сезона го одигра секој меч за клубот од Монако кој беше елиминиран уште на стартот на плеј-офот.
Тој е и првиот Американец кој ја добил МВП наградата по Ентони Паркер кој престижната награда ја доби во 2005 и 2006 година како играч на Макаби Тел Авив.
Во 39 натпревари оваа сезона Џејмс само на еден немаше двоцифрен број поени.
За најдобар тренер е прогласен Хесус „Чус“ Матео кој е тренер на Реал Мадрид.

 

ПретходноСудија од Словенија ќе го суди финалето на ЛШ
СледноЕрхан Селими назначен за селектор на репрезентацијата до 17 години