Ујпешт објави разделба со Стефан Јевтовски

1130

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Стефан Јевтовски си оди од унгарски Ујпешт. Одбранбениот фудбалер во 2021 година дојде во Ујпешт од редовите на Работнички, а унгарскиот клуб сега реши да се раздели со него и со уште четворица играчи.
Јевтовски освен за Работнички играше и за Арсенал од Киев, Вараждин, Локомотив Пловдив и Металург Скопје.

ПретходноПрвенства на Македонија во шах: За титулата кај мажите има повеќе кандидати, додека, пак, шахистките на ШК Алкалоид се издвоија во женска конкуренција
СледноСудија од Словенија ќе го суди финалето на ЛШ