Работнички одигра 0:0 против Гњилане!

285

Попладнево во Охрид, во пријателски меч, фудбалерите на Работнички одиграа 0:0 против Гњилане, тим од Косово, Според извештаите од Охрид, “романтичарите“ биле далеку подобар противник, имале повеќе идеални шанси за гол, посебно во првиот дел, но овојпат релаизацијата не била на високо ниво.

Инаку со ова заврши престојот на експедицијата на Работнички покрај Охридското езеро, каде во изминатите десет дена се одработи главната фаза од летните подготовки во пресрет на стартот на сезоната.

Веднаш по средбата, “романтичарите“ се враќаат во Скопје.

ПретходноРаспределба на медалите по денешниот ден: И Македонија со медал, Јапонија со 10 злата…
СледноДинамо не застанува во Европа, ја мина и Омонија