Куп на Македонија: Пелистер во финале, Тиквеш добро ги испоти битолчани (ФОТО)

299

Првото полуфинале мина спротивно од очекувањата, добро поткованиот состав на Пелистер убаво се намачи против Тиквеш, на крајот стигна до финалето во Купот на Македонија, откако славеше со 29-33 (13-16). За противник во битката за трофејот, Пелистер ќе го има подобриот од дуелот меѓу Вардар и Алкалоид, кој на распоредот е утре.

Радивојевиќ постигна 10 гола кај победникот, на другата страна Симиќ и Мијатовиќ имаа по пет погодоци.

Во редовите на битолскиот тим можеше да се почувствува нервоза, која пак добро ја користеа избраниците на Раде Стојановиќ, дури во еден момент водеа со 12-11 и 13-12. Во самиот финиш на првото полувреме, противникот со три гола во низа зголемија на 13-16 резултат со кој двата тима заминаа на одморот.

И во второто полувреме беше интересно. Кавадарчани со серија од 3-0 израмни на 20-20 во 40 минута, не искористија напад за да дојдат до водство. Гемаљевиќ беше добар на голот. Следеше казна, Пелистер преку Цехте, Кузманоски, Кузмановски и Пешевски дојде на плус четири (20-23) во 47 минута.

Нешто подоцна Тиквеш имаше шанса да дојде на минус еден, но не искористи напад, па Кузмановски зголеми на 28-31 на три минути до крајот. Оваа позитива беше доволна за да битолчани фатат победнички ритам и да го привршат мечот во своја корист.

ПретходноСамо што си отиде од Ференцварош, Станковиќ промовиран за нов тренер на руски Спартак
СледноПо жестокиот тајм-аут, Бранче најави: Ќе има „рибање“ во соблекувалната