Француската кошаркарска репрезентација ќе биде еден од фаворитите за освојување медал на претстојните Олимписки игри, а селекторот Винсент Коле соопшти дека на Олимпијадата во Париз нема да смета на Томас Ертел.
Причина за отстуството на Ертел не е повреда, туку фактот што игра во Русија.. Се очекува во составот на „галските петли“ да бидат најдобриот млад кошаркар во НБА лигата, Виктор Вембањама, како и најдобриот бек Руди Гобер.
На ОИ Франција ќе биде во група со Германија, Јапонија и победникот од квалификациите во Летонија.