Џани Инфатино, претседателот на ФИФА, ја соопшти големата вест на конгресот на светската фудбалска федерација во Бангкок.
„Ќе го развиваме и подобруваме ВАР. Овој систем го користат 65 национални здруженија, но сега ќе го подобриме. Создадовме поосновна технологија со помалку камери и без судии да одлучуваат, така што ќе биде достапна за секого и полесна за имплементација. Тој систем веќе се тестира
Ќе функционира така што тренерот на секоја екипа ќе има право двапати по натпревар да бара помош од ВАР. Ако првичната одлука на судијата се смени по таквата барана проверка, тимот што побарал проверка сепак ќе има право на две проверки. Доколку, пак, по ваквата барана проверка, ВАР ја потврди одлуката на судијата на теренот, тогаш екипата која ја побарала го губи правото на една проверка по нејзино барање“.