Иако пред неколку недели постигнаа договор за продолжување на соработката, Барселона и Чави најверојатно ќе се разделат по завршување на сезоната. Каталонските медиуми јавуваат дека причината за ова е раздор на релација Чави и претседателот Жоан Лапорта, после кој на поранешниот капитен на Барса ќе му биде врачен отказ.
Тие се спречкале по поразот од Џирона. На Лапорта не му се допаднале зборовите на Чави кој потенцираше дека е невозможно да се тркаат со Реал Мадрид и да бидат силни во Европа поради финансиските потешкотии низ кои поминуваат.
Чави им посочи на фановите дека клубот не е во позиција да потпишува со било кој фудбалер, како што беше порано, токму поради проблемите со финансиите.
Чави ќе биде сменет по три години, а во тој период освои една шампионска титула и тамошниот Суперкуп.
Медимите пишуваат дека прв кандидат да го наследи Чави е Рафаел Маркес што е изненадување бидејќи Мексиканецот нема големо тренерско искуство. До сега работеше во шпанскиот нисколигаш Алкале пред да дојде на клупата на Б тимот на Барселона.