Проблем за Саутгејт: Кејн е повреден, нема да игра викендов за Баерн

110

Хари Кејн ќе го пропушти последниот натпревар на Баерн во Бундеслигата. Баварците патуваат на гости кај Хофенхајм, а тренерот Томас Тухел потврди дека Кејн нема да игра поради проблем со грбот.

„Хари Кејн е на лекување кај приватен лекар. Тој не може да патува со нас“, рече Тухел.

Оваа вест секако сериозно го загрижи селекторот на Англија, Герет Саутгејт, кој во вторник треба да го објави списокот на играчи за ЕП 2024. Хари го нема на терен од реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите со Реал.

ПретходноКол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата
СледноКаталонците ја открија огромната отпремнина која Барса ќе треба да ја плати на Чави