Роналдо се посрамоти: Дајте му поголема топка (ВИДЕО)

398

Кристијано Роналдо имаше несвојствено за него промашување во дуелот против најголемиот ривал во Саудиска Арабија, Ал Хилал. Дуелот од 32. коло во Саудиската Про-лига заврши без победник 1-1.

Кристијано Роналдо, кој во една ситуација прописно се посрамоти. Ја доби топката како на чинија, но ја промаши. Дајте му поголема“, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.

Погледнете за што се работи и проценете сами. Кристијано Роналдо дефинитивно можеше подобро во оваа ситуација.

Шампион ќе биде Ал Хилал. Имаат 90 бодови, 12 повеќе од второпласираниот Ал Наср, кој сезоната ќе ја заврши на второто место.

Кристијано Роналдо како за утеха најверојатно ќе биде најдобар стрелец во лигата на крајот од сезоната. Има 33 гола, а го следи Митровиќ со 27. Има и 11 асистенции, а пет Митровиќ.

ПретходноКолапс во Јувентус: Ањели и играчите се огласија по отказот на Алегри
СледноИлиев: Нема простор за разочарување!