Леверкузен е еден од четирите клубови од Топ 5 лигите кој завршиле сезона без пораз

669

Баер Леверкузен ја комплетираше неверојатната сезона во Бундес лигата без пораз и со тоа влезе во друштвото на уште три екипи кои го направиле истото тоа. Баер Леверкузен заврши со 28 победи и шест ремија односно 90 бодови.

Пред нив, во сезоната 2011/12 екипата на Јувентус ја освои титулата во Серија А со ефект од 23 победи и 15 ремија.

Во сезоната 2002/03 екипата на Арсенал стана шампион на Англија со 26 победи и 12 ремија.

Во сезоната 1991/92 екипата на Милан беше крунисан во Италија со 22 победи и 12 ремија.

Тренерот Чаби Алонсо му се приклучи на Фабио Капело, Арсен Венгер и Антонио Конте кои како тренери успеале во тоа.

ПретходноСити или Арсенал? Денот на одлука во Премиер лигата
СледноБеса си направи шампионска фешта со свој пехар иако од ФФМ ќе го добие денеска