Сити или Арсенал? Денот на одлука во Премиер лигата

527

Денес ќе биде крунисан шампионот на Премиер лигата. Вечерва (почеток од 17:00 часот) ќе се одиграат сите дуели од последното коло во Англија по што ќе биде познат и шампионот. Дали тоа ќе биде Манчестер Сити или Арсенал?

„Граѓаните“ се во предност бидејќи имаат два бода пред Арсенал кој е втор. Со победа над Вест Хем на домашен терен момците на Пеп Гвардиола четврти пат по ред ќе ја освојат титулата – нешто што ниту еден тим не го направил тоа.

Од друга страна фудбалерите на Арсенал мора да го победат Евертон на „Емирати“ и притоа да чекаат пораз на Сити.

Освен за титулата, во последниот ден ќе бидат познати и учесниците во Лига Европа и Лигата на конференции. Тотенхем, Челзи, Њукасл и Манчестер Јунајтед ќе се борат за двете позиции носат во овие европски турнири.

Емоционален ден ќе биде и во Ливерпул, каде Јирген Клоп за последен пат ќе ги предводи „црвените“. Ливерпул на „Енфилд“ ќе игра против Вулверхемптон и тој меч нема значење бидејќи составот од градот на Битлси веќе го обезбедија третото место и учеството во групите на ЛШ идната сезона.

 

 

ПретходноФјури шокиран: Му ја подарија победа на Усик затоа што неговата земја е во војна
СледноЛеверкузен е еден од четирите клубови од Топ 5 лигите кој завршиле сезона без пораз