Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев, кој е една од иконите и на белградска Црвена Звезда, решил да ја отстапи „Златната копачка“ која ја доби со 15-годишно закаснување во 2006 година (место во 1991 година кога и ја заслужи), за да може белградскиот клуб да направи репилика која ќе биде сместена во клупскиот музеј.
„Златната копачка“ на престижниот француски весник „Л“екип“ наменета за најдобрите стрелци на Европа, Дарко Панчев ја доби лично од Мишел Платини во 2006 година во Скопје. Во 1991 година Панчев во дресот на Црвена Звезда со 34 постигнати голови беше најдобар стрелец на Стариот континент.
Evropski prvak i legendarni napadač našeg kluba – Darko Pančev je Crvenoj zvezdi ustupio “Zlatnu kopačku” kako bi naš klub izradio repliku, koja će se u budućnosti nalaziti u Muzeju na stadionu “Rajko Mitić”.
🔴⚪️ #fkcz #zvezdajemojaporodica pic.twitter.com/B7ZwKRaxJ9
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) May 19, 2024