Откако беа извлечени двојките за баражите за пополнување на ВМФЛ, Комисијата за натпревари ги одреди и стадионите и градовите каде тие ќе се играат во сабота од 17 часот.
Па така мечот Победа – Куманово се игра на стадинот во Ѓорче, дуелот Вардарски – Кораби се игра на “Борис Трајковски“ во Маџари а Влазерими – Борец се игра на “Петар Милошевски“ во Битола.
Победниците на овие мечеви следната сезона ќе играат во ВМФЛ.