Полувреме: Стојкоски со мајсторија, Тиквеш води, еуфорија на кавадарчани! (ВИДЕО)

418

Заврши првото полувреме од 31.финале на Купот на Македонија. Тиквеш со мајсторскиот гол на Стојкоски од слободен удар во 41.минута дојде до водство, апсолутно заслужено. Иако според играта и шансите кавадарчани требаше да водат најмалку со два – три гола разлика. Тиквеш доминтен, имаше игра, многу шанси, но само еден гол.

Се започна со барањето на кавадарчани за пенал, и тоа во 3.минута, откако еден фудбалер на Воска играше со рака, но судијата Ставрев не покажа ништо, а не регаираше ни ВАР.

Јашароски потоа од Воска се закани од десно, но крајно непрецизно. Тиквеш доминираше, играше фудбал, креираше шанси, како оние на Спахиу во 9.минута, потоа на Миле Тодоров во 19.минута, заканата со глава на Луан Силва, кој потоа во два наврати не ја пригфати топката пред голот на Воска.

Спахиу во 31.минута со прекрасен шут од 25 метри ја погоди пречката, па пак Луан Силва во шанса.

Но нема и нема гол.

И тогаш дојде таа 41.минута кога Стојокоски стрелаше во мрежата на Воска за 1:0, за еуфорија на кавадарчани на Арената на која има околу 8.000 гледачи.

 

ПретходноСевиља му понудила тригодишен договор на Сари
СледноДимитријевиќ го лансираше Уникс во финалето на ВТБ-лигата!