Супер Тиквеш испиша историја. Успеа да слави во 31.финале во Купот на Македонија против Воска Спорт со 2:1 и да го освои пехарот за првпат во својата историја. Ова значи дека Тиквеш налето ќе игра и во фудбалска Европа, исто така за првпат.
Сега Кавадарци може да слави, сега Кавадарци е во еуфорија.
Стрелци во одлично финале беа дело на Стојкоски и Луан Силва кај Тиквеш и Шаркоски кај Воска Спорт.
Првото полувреме мина во доминантна игра на Тиквеш, освен заканите на Јашароски и Кочоски, на почетокот и на крајот од полувремето, се беше на страната на кавадарчани. Играа, создаваа шанси, а со мајсторијата на Стојкоски од слободен уда во 41.минута, Тиквеш со 1:0 замина на пауза.
Реално требаше да биде 2:0 или 3:0, ако се знае дека Спахиу ја погоди пречката, а Луан Силва имаше барем три шанси, но рековме веќе, на пауза се замина со 1:0 за Тиквеш.
За еуфорија на “Лозарите“ кои даваат тон на навивачката еуфорија на Арената “Тодор Проески“ во Скопје каде имаше околу 10.000 гледачи а во најголем дел беа за тимот од Кавадарци.
Воска ја немаше никаде, никако не успеваше тимот од Охрид да дојде до својата игра, до тоа што го знае и умее.
Тиквеш беше едноставно, многу, многу подобар тим, кој и во второто полувреме доминираше.
А на 2:0, за уште поголема еуфорија се погрижи Луан Силва во 59.минута кога една одбиена топка успеа да ја смести во мрежата на Захов, кој и овопјат беше немоќен.
По тој гол Воска како да се подотвори, поточно се обиде да ја отвори играта, да нападне, но сепак тоа беше шанса за Тиквеш од контри полуконтри да биде опасен кон голот на Захов.
Во таа последна фаза од средбата се играше неповрзано, јасно беше дека Тиквеш малку ќе ја забави играта, немаше потреба од било какви напад, Воска и натаму се обидуваше, но бадијала, далеку беше Воска од „враќање“ во игра. Тимот кој водеше знаеше што сака, имаше максимална контрола врз играта.
И тогаш од никаде, по една катастрофална реакција на голманот на Тиквеш, Ренер по која Шаркоски успеа да намали на 2:1.
Тоа делуваше шокантно за Тиквеш, но тоа траеше многу кусо, за да брзо кавадарчани се соземат.
Но во 90+2.минута Марушиќ прекрасно шутираше, но Ренер фантастично одбрани, го спаси Тиквеш.
31.ФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА
ТИКВЕШ – ВОСКА 2:1 (1:0)
Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 8.000. Судија: Александар Ставрев (Скопје). Стрелци: Стојкоски 41. , Луан Силва 59. (ТИК), Шаркоски 77. (ВОС).
ТИКВЕШ: Ренер, Фетаи, Карчески, Луан Силва, Мојсов, Спахиу (87. Малески), Спиркоски, Стојкоски (90+3. Михаилов), Ми. Тодоров, Вареловски, Робертињо (83. Стоименовски).
Тренер: Ѓорѓи Мојсов.
ВОСКА: Захов, Ачимовиќ (46,. Георгиев), Менсалао (62. Шаркоски), Јашароски (46,. Јахја), Кочоски, Марушиќ, Николиќ, Стијеповиќ, Тодороски (72. Ибраими), Трпески (46,. Јусуфи).
Тренер: Срѓан Захариевски.