Италија на Евро 2024 без Верати, Локатели, Имобиле, Политано…

1354

Селекторот на италијанската репрезентација Лучијано Спалети го објави списокот од 30 играчи од кои ќе избира 26 за претстојното Европско првенство во Германија.

Во составот на „аѕурите“ има многу промени, бидејќи на списокот се најдоа само десетмина од оние кои го освоија претходното Европско првенство пред три години. Впечатливо е отсуството на играчи како дефанзивецот Федерико Гати, играчите од средниот ред Марко Верати и Мануел Локатели, како и напаѓачите Чиро Имобиле, Мојс Кин и Матео Политано. Поради суспензија го нема и Сандро Тонали.

Сепак, во тимот е играчот од средниот ред на Јувентус, Николо Фаџоли, кој исто така доби забрана поради обложување, која му истече пред седум дена.

Голмани: Џанлуиџи Донарума (Пари Сен Жермен), Алекс Мерет (Наполи), Иван Проведел (Лацио), Гуљелмо Викарио (Тотенхем)

Дефанзивци: Франческо Ачерби (Интер), Алесандро Бастони (Интер), Раул Беланова (Торино), Алесандро Бонџорно (Торино), Рикардо Калафиори (Болоња), Андреа Камбиасо (Јувентус), Матео Дармиан (Интер), Џовани ди Лоренцо (Наполи) , Федерико Димарко (Интер), Џанлука Манчини (Рома), Џорџо Скалвини (Аталанта)

Играчи од средниот ред: Николо Барела (Интер), Брајан Кристанте (Рома), Николо Фаџоли (Јувентус), Мајкл Фолоруншо (Верона), Давиде Фратези (Интер), Жоргињо (Арсенал), Лоренцо Пелегрини (Рома), Самуеле Ричи (Торино).

Напаѓачи: Федерико Киеза (Јувентус), Стефан Ел Шарави (Рома), Рикардо Орсолини (Болоња), Џакомо Распадори (Наполи), Матео Ретеги (Џенова), Џанлука Скамака (Аталанта), Матија Закањи (Лацио).

ПретходноРозовиот картон „дебитира“ на Копа Америка 2024
СледноТареми ги мина лекарските прегледи во Интер