ФА го обвини Пакета дека се обложувал и намерно добивал картони!?

160

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Бразилецот Лукас Пакета (26) за четири наводни прекршувања на правилата за обложување.

Бразилскиот репрезентативец е обвинет дека намерно добивал картони за време на четири натпревари во Премиер лигата во 2022 и 2023 година. Спорни се натпреварите на Вест Хем против Лестер Сити (12 ноември 2022 година), Астон Вила (12 март 2023 година), Лидс Јунајтед (21 мај 2023 година) и Бурнемаут (12 август 2023 година).

ФА тврди дека Пакета „се обидел да влијае на исходот, однесувањето или кој било друг аспект или појава на тие натпревари со намерен обид да добие казна од судијата со несоодветна цел да влијае на обложувањето со цел едно или повеќе лица да профитираат од обложување“.

Медиумите на островот пренесуваат дека ФА потрошила речиси девет месеци истражувајќи ги сомнителните обложувачки активности околу четирите картони што ги доби Пакета. Бразилецот негираше дека е виновен.

„Крајно сум изненаден и вознемирен што ФА одлучи да ме обвини“, рече тој во изјавата на социјалните мрежи.

ФА нема да дава дополнителни коментари до завршување на овој случај, а за судбината на Пакета ќе одлучува независна комисија.

ПретходноМатиќ: Со Ибрахимовиќ се тепавме, но се каравме и околу музиката
СледноТиквеш подобар од Т. Пролет