Барселона, наводно, постигнала договор за условите на личниот договор со германскиот стручњак Ханс Дитер Флик. Веста вечерва ја објави каталонскиот венсик „Спорт“.
Според изворот, Барселона и Флик се договориле за двегодишен договор со можност за продолжување.
Се тврди дека германскиот стручњак со својата визија го убедил раководството на Барселона дека е соодветен кандидат за оваа функција. Самиот Флик би сакал да спроведе долгорочен проект.
Флик претходно беше на чело на Баерн Минхен и на германската репрезентација.