Бостон рутински до 2:0 против Индијана во финалето на Истокот (ВИДЕО)

65

Кошаркарите на Бостон синоќа го совладаа тимот на Индијана со 126:110 и поведоа со 2:0 во финалето на Источната конференција на НБА лигата.

За разлика од првиот натпревар од оваа серија, кој беше решен по продолжение, Бостон во втората средба не дозволи возбудувања, па уште по првата четвртина имаше двоцифрена предност и мирно го приведе мечот до крај.

Индијана водеше со 27:22 на нешто повеќе од една минута до крајот на првата четвртина, но потоа следеше серија на Селтикс од 20:0, па домашните стигнаа до плус 15 (42:27).

Џејлен Браун со 40 поени ги предводеше Селтикси до 2:0, а одлично го следеа и Џејсон Тејтум и Дерик Вајт со по 23 поени. Во редовите на Индијана најефикасен беше Паскал Сиакам со 28 поени.

Следниот натпревар од оваа серија се игра ноќта меѓу сабота кон недела, а домаќин ќе биде Индијана.

ПретходноЊукасл постави цена од астрономски 150 милиони фунти за Исак!
СледноФлик чека промоција, а веќе знае кои ќе бидат првите две засилувања за Барса