Кошаркарска еуфорија во Берлин: Почнува битката за европскиот трон!

133

Денеска во Берлин и официјално стартува финална пресметка во Евролигата. Четирите најдобри состави ќе се борат за победничкиот пехар на Стариот континент.

Со оглед на пресметките во четвртфиналето, се чини дека не можеше подобро во однос на квалитетот на тимовите кои се дел од најдобрата четврка. Во полуфиналето ќе го гледаме актуелниот бранител на титулата Реал Мадрид во дуел со моќниот Олимпијакос, и уште една лута пресметка меѓу старите ривали Панатинаикос и Фенербахче, практично, кремот на европската кошарка.

Голем број љубители на кошарката посакуваат грчко финале и дуел меѓу зелено-белите и црвено-белите од Атина. Тоа би бил еден голем дуел на два лути ривали со оглед на то ашто се очекува армија навивачи и на двата тима уште денеска да биде на трибините во „Убер Арената“.

Првиот инцидент се случи токму синоќа, а секако виновници беа турските навивачи, кои сепак најмногу ќе ги има во Берлин. При влезот на тренерот на атинските „зелени“ Ергин Атаман, навивачите на Фенербахче го провоцираа поранешниот тренер на големиот ривал на Ефес во холот на хотелот и пред него. Турскиот тренер беше видно изнервиран. Сепак, останува да се види како сета оваа нервоза ќе се преточи и долу на теренот.

Инаку според коефициентите најголем фаворит за титулата е актуелниот европски првак Реал Мадрид на кој коефициентот е 2,20. На второ место е Панатинаикос со коефициент 3,50, нешто помалку шанси му се даваат на Фенербахче од 5,50, а за некои, можеби неочекувано, според букмејкерите, најголем коефициент има Олимпијакос со 6.

Кошарка, Евролига – Ф4, БЕРЛИН

Полуфинале:

18.00 Панатинаикос – Фенербахче

21.00 Реал (М) – Олимпијакос

ПретходноНачевски и Николов ќе му „судат“ на Брестовац во Саудиска Арабија
СледноЌе заигра „метла“ во Баерн: Седум фудбалери одат на продажба