Начевски и Николов ќе му „судат“ на Брестовац во Саудиска Арабија

321

Најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе имаат повторно задача во Саудиска Арабија. Тие ќе ја делат правдата на завршниот турнир во овој шампионат на кој ќе учестуваат најдобрите четири екипи од тамошниот шампионат, а меѓу нив е Ал Сафа предводена од поранешниот македонски селектор, Данило Брестовац. Во стручниот штаб на овој тим е Алексо Лембанов.

Нашиот тренер во Саудиска Арабија дојде во февруари, и под негово водство Ал Сафа направи сензационални резултати. Брестовац на актуелниот првак и азиски шампион, Ал Калеј  после долго време му нанесе пораз, а со својот тим се пласираше во финалето на Купот.

Ал Сафа е на третото место на табелата на два бода зад Ал Калеј и Ал Хада, што е пак голем успех за клубот. Денеска во оваа земја се игра последното коло од шампионатот.

Завршниот турнир не го дава првакот на Саудиска Арабија, се игра за парична награда.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Милан и Пиоли ја раскинаа соработката
СледноКошаркарска еуфорија во Берлин: Почнува битката за европскиот трон!