Качевски ќе им суди на Вардар и Детонит!

809

Јован Качевски од Струга, еден од нашите најдобри делители на правдата, е одреден за главен судија за неделниот бараж меѓу Вардар и Детонит. Познато е дека мечот се игра во Струмица со почеток од 17 часот, а победникот во следната сезона ќе игра во нашата елитна лига.

Помошници на Качевски се Слаѓан Марковски и Даниел Василевски, додека четврти е Александар Урошевиќ.

Инаку познати се и судиите за бараж средбите за пополнување на ВМФЛ, мечеви кои се играат утре од 17 часот.

БАРАЖИ ЗА ВМФЛ

Вардарски – Кораби: Александар Грујоски (Кичево)

Победа – Куманово: Димитар Пилешков (Штип)

Влазерими – Борец: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

ПретходноХрватите не нè одбраа, одиме во ждрепката за групите на СП 2025
СледноПоддршка за Вардар и од Динамо Загреб