Алкалоид дојде до деветата победа во плеј-офот во Супер-лигата, откако на последниот меч на домашен терен оваа сезона го совлада Бутел Скопје со (11-11). Со овие бодови, тимот од Автокоманда ја осигура третата позиција. Во последното коло, избраниците на Кирил Лазаров му гостуваат на Пелистер.
Дамјан Митев со шест гола беше прв стрелец, по три гола имаа Серафимов, Џонов, Марко Митев и Димовски. На другата страна Јефтиќ запиша седум погодоци.
До пред 38-та минута гледавме изедначен натпревар. Новиот освојувач на Купот на Македонија од овој момент успеа да го урне отпорот на противникот, направи серија од 5-0 и поведе со 20-15 во 45 минута, две одбрани имаше Трајковски во овој налет на Алкалоид. Овој момент беше клучен за крајниот исход на мечот, вицепрвакот во последните седум минути минути дојде на плус оусм (26-18).
Претходно се играше гол за гол, со тоа што ниту една од двете екипи немаше поголемо водство од еден гол.